ИБМ ги повлекува рекламите на Икс откако тие се појавија покрај нацистички објави

ИБМ / Фото EPA-EFE/ANDREW GOMBERT

ИБМ го суспендираше рекламирањето на Икс, порано познат како Твитер, откако во нивниот нов извештај се вели дека нејзините реклами биле поставени покрај објавите во кои се фалат Адолф Хитлер и нацизмот. Компанијата рече дека е „целосно неприфатливо“ нејзината содржина да се појавува во такви објави на платформата. Икс соопшти дека намерно не става брендови „до ваков вид на содржина“, пишува Би-Би-Си.

Левичарското набљудувачко тело Медиа Матерс објави дека пронашло реклами купени од ИБМ и други компании до објави, вклучувајќи и цитати за Хитлер, пофалби за нацистите и негирањето на Холокаустот.

Една пронацистичка објава што била прикажана до реклама на ИБМ била видена околу осум илјади пати, соопштија од Икс во изјава за Би-Би-Си. Другите фирми кои се наведени ги вклучуваат Епл, Оракл, телевизиската мрежа Браво и телекомуникациската компанија Иксфинити.

„ИБМ има нулта толеранција за говор на омраза и дискриминација и веднаш ги прекинавме сите реклами на Икс додека ја истражуваме оваа целосно неприфатлива ситуација“, се вели во соопштението на компанијата.

Од Икс изјавија за Би-Би-Си дека рекламите не се намерно поставени покрај екстремистичка содржина, дека профилите што промовираат нацисти нема да заработуваат од рекламирање и дека конкретните објави ќе бидат означени како „чувствителни содржини“.

„Ставот на Икс отсекогаш бил многу јасен дека дискриминацијата од секого треба да престане насекаде – мислам дека тоа е нешто за што сите можеме и треба да се согласиме“, објави во четвртокот извршниата директорка Линда Јакарино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот