И власта и опозицијата се обвинуваат за политиканство околу носењето на Предлог законот за заштита од заразни болести

Предлог – законот за заштита од заразни болести предложен од владата ќе се најде на утрешната собраниска седница. Власта има доволен број нагласови 61 за да помине гласањето за неговата потреба, бидејќи двајцата пратенци кои беа болни од ковид 19 веќе се оздравени, велат во владејачката СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека до крајот на денот до собраниските служби ќе достават Предлог закон за измена на Законот за заштита од заразни болести.

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски за „Слободен печат“ вели дека веќе ја добиле поддршката од Коалицијата Алијанса и Алтернатива и Левица.

Уште минатата недела најавија дека ќе бараат формирање на Државна комисија за заштита и справување со пандемија или епидемија составена од 11 члена.

-Комисијата да биде предлог на владата и да се избира со просто мнозинство (присуство од 61 пратеник од кој треба да гласаат само 41 пратеник за да може законот да биде изгласан. Во неа да членуваат Министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со тројца инфектиолози, двајца епидемолози, двајца микробиолози и по еден имунулог и интернист.
Власта треба да го прифати нашиот предлог бидејќи ние во моментов имаме советодавно тело на Министерот за здравство во кое членува и ветеринар, за борба против шап и лигавка. Нашиот предлог е формирање на стручно државно тело кое ќе се бори само со Ковид 19. На утрешната седница рековме ќе бидеме присутни но воздржани, за да не бидеме обвинувани дека ги кочиме мерките за справување со пандемијата. Треба во овој случај Филипче и власта да го заборават политиканството, изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски за „Слободен печат“.

И Сурија Рушити од Алијансата за Албанците за „Слободен печат“ потврдува дека ќе го поддржат измените на Законот.

– Комисијата избрана од Собранието ќе ги предлага меркита и ќе расправа за нив, а не како досега нив да ги предлага Комисија формирана од Министерството за здравство или пак Владата. Таквата комисија ќе има поголема одговорнсот бидејќи за своите чекори ќе одговара пред законодавниот дом. Ќе биде составена од стручњаци и врвни лекари кои ќе ги предлага владата, а Собранието ќе ги гласа. Така е подобро бидејќи одговноста ќе биде поголема, вели Рушити за „Слободен печат“.

Од СДСМ велат дека на утрешната седница ќе биде изгласана потребата од Законот бидејќи мнозинството го има потребниот број на гласови 61. Неофицијално посочуваат дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се формира Државна комисија за справување со пандемија или епидемија е само уште еден политички обид на опозициската партија да побегне од сликата на кочничар на здравствените мерки“ која во јавноста ја создаде.

– На утрешната седница ќе биде присутен и нашиот пратеник од Охрид Лазе Таневски кој беше болен од Ковид 19. За сега знаеме дека немаме други пратеници болни од коронавирусот. Првично, предлогот за формирање на нова Комисија за нас е неприфатлив, но сепак да оставиме да видиме за што станува збор. Ние ќе предложиме 4 амандмани на Законот, вели координаторот на СДСМ Јован Митревски.

Поради болест од вирусот ковид -19 повеќе од две недели беше отсутен од собраниските седници и пратеникот од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски. Поради отсуството на двајца пратеници од мнозинството и најавите на опозицијата дека нема да гласаат за Предлог законот, собранискиот спикер Талат Џафери одложуваше Законот за заштита од заразни болести да го стави на собраниска седница.

Со тоа уште еднаш се покажа дека собранието ја забавува својата работа. Во јавноста веќе почна да се зборува дека излезот од ваквата ситуација мора да се најде или во прошируање на собраниското мнозинство со пратеници од други пратенички групи или пак во предвремени парламентарни избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот