И вкусен и здрав: Неколку причини зошто луѓето обожаваат да јадат пармезан

пармезан

Пармезанот е еден од најпознатите видови сирење во светски рамки, но неговото потекло е од Италија. Името „пармезан“ може да го има само оној вид сирење што е произведен во некоја од заштитените зони во провинциите Пармa, Реџо Емилија, Модена и Болоња, каде што се подготвува во строго контролирани услови.

Станува збор за тврдо и ароматично квалитетно сирење, кое се произведува од најквалитетно млеко. Сирењето е одличен извор на калциум, а храната богата со овој минерал придонесува за побрзо согорување на маснотиите. Нутриционистите го препорачуваат пармезанот како секојдневна храна за децата и за постарите лица, бидејќи изобилува со многу нутритивни вредности, покрај тоа овој вид сирење лесно се вари, а изобилува и со калциум и со фосфор.

Вистинскиот пармезан има само за него карактеристична текстура, а и покрај тоа што се подготвува од кравјо млеко, тоа во својот состав не содржи лактоза. За да се направи еден килограм од ова сирење, потребни се дури 16 литри млеко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот