И Саутгејт не е поштеден од критики: Зошто Рашфорд и Санчо влегоа во игра во последната минута

EPA-EFE/Laurence Griffiths

Англиската јавност смета дека селекторот Гарет Саутгејт е еден од главните виновници за поразот во финалето на Евро 2020.

Селекцијата на Англија на својот „Вембли“загуби од Италија и тоа по подобро изведување на пеналите. Англискиот селектор Саутгејт, на една минута пред крајот на второто продолжение во игра ги внесе Маркус Рашфордс и Џејдон Санчо очекувајќи тие да ги реализираат пеналите.

Но, Рашфорд и Санчо како и Букајо Сака не беа прецизни по што Италија стана европски шампион.
– Нормално, многу сме разочарани. Мислам дека играчите дадоа се од себе, играа многу добро, но на моменти не ја чувавме топката најдобро. Тоа посебно се однесува на почетокот од второто полувреме. Отидовме подалеку отколку што можеме да помислиме – одговори Саутгејт на прашањето да ја прокоментира одлуката во игра да ги внесе Рашфорд и Санчо.

– Изведувачите на пенали ги избрав на основа на тоа како ги изведуваа пеналите во пракса, на тренинзите и натпреварите. Тоа е моја задача и целосно стојам зад тоа – додава Саутгејт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот