И Нејмар позитивен на коронавирус

Анхел Ди Марија запиша 111 асистенции во дресот на ПСЖ/EPA-EFE/David Ramos / POOL

Францускиот тим денеска потврди дека има тројца фудбалери позитивни на коронавирус, а меѓу нив е и Бразилецот.

Европскиот вицешампион денеска објави дека тројца фудбалери биле позитивни на коронавирус на последното тестирање.

Коронавирусот влезе и во ПСЖ, заразени двајца фудбалери

Три дена претходно, ПСЖ соопшти дека се сомнева оти двајца фудбалери, Анхел ди Марија и Леандро Паредес се заразени со ковид-19 и дека клубот во согласност со медицинскиот протокол играчите ги испратил во самоизолација.

Весникот „Лекип“ кој и ги откри имињата на првите двајца позитивни на коронавирус, дознава дека третиот фудбалер кој е заразен е првата ѕвезда на екипата, Нејмар.
Сите тројца играчи по поразот од Баерн Минхен во финалето од Лигата на шампионите заминаа на мини одмор на Ибица, а сега најмалку седум дена ќе бидат во самоизолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот