И на ПСЖ му треба напаѓач: „Светците“ го предизвикуваат Реал за Халанд

twitter/Bundesliga English

Не е тајна дека Зидан го посакува Мбапе, па оттука и загриженоста од „Паркот на принцовите“ и потрагата по нов квалитетен играч во нападот..

Како што пренесува шпанската „Марка“, Реал Мадрид и ПСЖ се наоѓаат во трка за потписот на норвешкиот интернационалец.

Париските „светци“ се подготвени да се борат против „кралевите“ за услугите на Ерлинг Халанд, но исто така шпанскиот клуб ги посакува и услугите на Килијан Мбапе од редовите на францускиот шампион.

Во минатото Реал и ПСЖ имале добра соработка, како на пример со Кејлор Навас, Алфонс Ареола и Хесе Родригез, но исто така и разговори кои на крајот биле неуспешни.

twitter/Borussia Dortmund

Не е тајна дека Зидан го посакува својот сонародник, па оттука и загриженоста од „Паркот на принцовите“ и потрагата по нов квалитетен напаѓач.

Договорот на Мбапе во Париз истекува за две години, а се очекува ова лето од клубот да си заминат Единсон Кавани и Мауро Икарди. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Интер започнал преговори со агентот на 33-годишниот Уругваец Кавани.

Халанд (вредност според „Трансфермаркт“, 72 милиони евра) е следната цел на Французите, овој фудбалер за 20 милиони евра годинава во јануари го облече дресот на Борусија Дортмунд со потпишан договор до 30 јуни 2024 година.

Тековната пандемија претставува проблеми за финансиите на клубовите и може да предизвика преиспитување на повеќе планирани трансфери. И покрај тоа, се очекуваат голем број на трансфери, па како дел од нив можно е да биде и Халанд.

Реал Мадрид треба да го засили нападот и иако Мбапе е сонот, Норвежанецот се гледа како повеќе достапен ова лето пред идниот потег за Французинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот