И коронавирусот во предизборна кампања

Фото: EPA-EFE/LUKASZ GAGULSKI

„Умните“ политички глави од сѐ знаат да спечалат поен плус во предизборна кампања. Овојпат во нивна служба го впрегнаа коронавирусот. Додека власта се обидува да одговори на опасностите од вирусот кој вчера допатува од Кина преку Италија во Македонија, опозициската ВМРО-ДПМНЕ се многу загрижени бидејќи владата била неподготвена за ваквата епидемија. Порачаа дека по 12 април на граѓаните ќе им било појасно што значела навремена и соодветна здравствена услуга. Денеска опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали поради коронавирусот ќе организираат протести, рече дека власта би била пресреќна ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизира народот во пресрет на изборите.

– Најсреќни би биле исплашените од СДСМ да го користат коронавирусот за да ВМРО-ДПМНЕ не го мобилизира народот во оваа држава. Они молеа бога да се случи сето ова за да може ВМРО-ДПМНЕ не излегува со народот и да протестира против едно лицемерие коешто денеска е секојдневие во Македонија за жал. Чекорите на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период благовремено ќе ги презентираме пред јавноста – рече Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ и со други обвинувања дека министерот за здравство Венко Филипче и владата на СДСМ покажале неорганизираност и хаос и дека се многу загрижени поради слабиот капацитет за организација на Владата и сите надлежни за да одговорат на вака сериозна ситуација во која е загрозено здравјето на граѓаните.

Од друга страна пак властите тврдат дека нема место за паника бидејќи, состојбата е под контрола и дека сите државни служби се подготвени и навреме реагираат. Министерот за здравство Филипче, рече дека се лоцираат луѓето со кои стапиле во контакт сопатниците на педесетгодишната жена кај која вчера беше потврден коронавирусот.

– Ги контактиравме сите лица со кои имале контакт патниците од комбето во кое патувале заедно со заразената жена со коронавирусот. Добро е тоа што скоро сите ни кажаа дека немале контакт со голем број луѓе, најчесто биле само со семејствата со кои живеат. Сите тие ќе бидат во домашна изолација – рече Филипче.

Вчера и премиерот Оливер Спасовски порача дека се преземени сите мерки врз основа на здравствените протоколи. Преминуваме на следната фаза што значи справување со состојбата. Граѓаните целосно да се придржуваат кон препораките на Министерството за здравство добиени од СЗО. Институциите имаат капацитет да одговорат, бидејќи ги почитуваме стандардите, рече вчера Спасовски.

А колку може сериозно корана вирусот да влијае врз изборната кампања која бара митинзи, протести, средби со граѓани Александар Кржаловски од МЦМС за „Слободен печат“ вели дека е можно да има влијание.

– Не знам дури и како ќе влијаат врз нашите избори, бидејќи можно е да се откажат јавни манифестации, собири. Ако се развива понатаму логично би било да се забрани и собирање. Ќе биде интересно како ќе се трансформира кампањата понатаму. Вообичаено ќе гледаме дневно – политички критики едни кон други, што требало да направат, а што не направиле – рече тој.

Коронавирусот на виделина ја извади и нетрпеливоста меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ. Денеска во партиското седиште на интегративцките, министерот за образование Арбр Адеми и заменик министерот за здравство Арменд Арслани, одржаа прес конференција за акивностите што ги преземаат институциите во врска со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот