И АБА лигата пред крај без шампион, а што ќе биде со МЗТ?

фото: mztskopjeaerodrom.mk

После одлуката на Евролигата, сега можеби и е поголема веројатноста и абалигашите кажат „не“ за враќање на терените..

Денеска Евролигата го кажа своето, а за 48 часа ќе се дознае и конечната одлука за регионалната АБА лига. Претстојното собрание на АБА-лигата е закажано за в среда (27 мај), а клубовите ќе гласаат за тоа да одлучат дали ќе продолжат да играат или не.

После одлуката на Евролигата, сега можеби и е поголема веројатноста и абалигашите кажат „не“ за враќање на терените, а потоа пред делегатите се гласа дали сезоната ќе биде регистрирана со или без шампион.

Според неофицијалните информации од српскиот „Мондо“, не постои расположение меѓу клубовите да се изгласа Партизан како шампион, односно до прекинот на сезоната се наоѓаше на врвот на табелата, пред Будуќност, Црвена звезда и Цедевита Олимпија.

Белградски Партизан во следната сезона ќе остане во Еврокупот, а Црвена звезда ќе остане евролигаш, па така и овој податок уште повеќе најавува крај на сезоната во АБА лигата без шампион.

За два дена ќе се зборува на многу теми, како што најави и претседателот на АБА лигата, Домагој Чавловиќ за „Спорт Клуб“:

Фото: МЗТ Скопје Аеродром

Се поставува прашањето дали треба да продолжи натпреварувањето и дали треба клубовите да рзикуваат. На Собранието ќе се зборува за за продолжување на натпреварувањето, за проширување на лигата, поточно кажано за бројот на клубови во елитното друштво и бројот на клубови во АБА2 лигата. Сите знаете дека секој клуб има валиден глас, така што тешко е да се прејудицира каква ќе биде одлуката за два дена – рече Чавловиќ.

За македонската кошарка ќе биде интересно дали МЗТ Скопје ќе добие шанса да се бори за влез во најдобрата АБА лига.

Аеродромци во АБА2 лигата го обезбедија настапот во плеј-офот за учество во елитата освојувајќи го третото место во регуларниот дел зад Борац и Сплит, а пред Сутјеска.

Овие четири екипи според најавите треба(ше) да играат плеј-оф за влез во првата АБА лига.

И сега се враќаме на најавата за можното проширување на лигата, кој ќе добие место, дали ќе има одлука врз основа на пласманот, или Борац, Сплит, МЗТ и Сутјеска ќе играат на теренот за место во првата АБА лигата.

Се шпекулира дека можно е првопласираните две екипи Борац и Сплит врз основа на сегашниот пласман да бидат меѓу екипите во тоа можно проширување, но дали тоа би било фер спрема МЗТ,  во иста ситуација е и црногорската Сутјеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот