Хуманост на дело: Рома помогна во пронаѓањето на 12 исчезнати деца

Римската волчица со своите дела и активности е повеќе од фудбалски клуб/ фото: EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI

Фудбалерот на Рома, Елдор Сомуродов откри дека бил среќен кога видел видео клип кој го направи „римската волчица“ во знак на добредојде и како начин на промоција на социјалните мрежи и со тоа помогна да биде пронајдено исчезнато девојче во Полска.

Шомуродов рече дека ни може да објасни колку бил среќен кога ги сознал овие вести само неколку дена откако фотографијата на девојчето објавена во видеото кое беше дел од неговата промоција и претставувањето во новиот клуб.

– Невозможно е да ја објаснам среќата кога на било кој начин ќе помогнете во пронаоѓањето на исчезнато дете. Многу сум горд што дојдов во клуб кој својата популарност и популарноста на фудбалот ја користи на овој начин – изјави Шомуродов.

Рома уште од 2019 година во видео промоциите на своите играчи кои се објавуваат на социјалните мрежи става и фотографии на исчезнати деца од целиот свет. Засега оваа акција на „римската волчица“ помогна да бидат пронајдени 12 деца.

– Сите во клубот сме горди на оваа кампања и во нашите скромни обиди да помогнеме. Среќни сме поради податокот дека помогнавме 12 деца да бидат вратени на нивните семејства. Но, вистински херои се и сите организации со кои соработуваме во оваа кампања и кон ни ги исполнуваат срцата со радост кога ќе ни јават дека некое дете е пронајдено и е безбедно – изјави Макс ван дер Доел, шеф на маркетинг на Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот