Хуманитарен базар во Аеродром за да се подари среќа на социјално загрозени семејства

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, заедно со училиштата и градинките, Општина Аеродром ја продолжува традицијата на организирање хуманитарни и забавни настани.

На 28 и 29 декември, на плоштадот зад ТЦ „Капитол“ ќе се одржи дводневен новогодишен хуманитарен базар фест насловен „Подари среќа“ на кој ќе настапат Викторија Лоба, Лара Иванова, Сара Мејс, Фиц и Студени нозе, Ди Џеј Тодороф, но ќе има и магионичарско шоу, новогодишна претстава со Дедо Мраз, танцови настапи , а за најмладите и „Светот на Биби“. Забавата и во среда и во четврток започнува точно напладне, во 12 часот, и ќе трае до доцните вечерни часови.

На хуманитарниот настан, посетителите ќе можат да купат новогодишни честитки и рачни изработки на децата од градинките и училиштата од прво до петто одделение, а средствата што ќе бидат собрани од акцијата ќе бидат донирани за помош на семејствата од социјално-ранливите категории- информираат од Општина Аеродром.

Оттаму ги повикуваат сите граѓани да го посетат базарот, да се израдуваат себеси и најблиските со уникатни подароци, и на тој начин да помогнат и да подарат среќа и насмевка на оние на кои им е најпотребно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот