Битиќи: Повисоките цени на прехрамбените производи не треба да ги загрижуваат граѓаните

Фатмир Битиќи / фото: МИА

Растот на цените пред се на прехранбените производи не треба да ги загрижува граѓаните, вели вицепремиерот за економија Фатмир Битики при денешната посета во Битола со цел увид во активностите на потпроектот „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерното уредување”.

Тој посочи дека ситуацијата е под контрола, и нема посериозни зголемувања на цените. Додаде и дека владата не сака да реагира со евентуални мерки за ублажување на ценовниот шок, се со цел пред избори да не биде погрешно разбрана.

Како што вели тој, според увидот на завршените работи во архитектонската убавина и импозантност во Битола треба да бидеме горди дека има ваков репрезентативен објект на кој многу можат да ни завидуваат.

– Оваа инвестиција е само дел од реализираните активности при Проектот за локална и регионална конкурентност кој има за цел да ги подобри туристичките потенцијали во 10 различни дестинации во земјава. Реконструкцијата на објектот и неговата околина чини вкупно 58.792.610,00 денари, од кои 52.913.349,00 денари беа обезбедени од Проектот за локална и регионална конкурентност додека Општина Битола учествуваше со 5.879.261,00 денари, информираше Битиќи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот