Хрватска ќе користи апликација за следење изложеност на коронавирус

Апликација за следење изложеност на коронавирус, која граѓаните ќе можат да ја користат преку својот мобилен телефон, треба да биде претставена во вторник во Хрватска.

Тој кој доброволно ќе ја преземе на својот мобилен телефон и е во контакт со лице кое исто така ја има апликацијата, нивните мобилни телефони ќе разменуваат блутут сигнали, пренесува 24sata.hr.

Ако некој што ја има апликацијата е заразен со вирусот, тој сам ќе го внесе тоа во апликацијата и таа на сите други што ја имаат, а биле во контакт повеќе од 15 минути и помалку од два метра од заразениот, ќе им каже дека имале ризичен контакт и дека треба да се јават на лекар.

Информираното лице нема да знае кое е заразеното лице поради кое го прима известувањето, туку само ќе ги добие информациите дека бил во контакт со некој заразен, без име.

Кога некој ќе добие позитивен резултат и ќе го „внесе” во апликацијата, сите негови контакти од изминатите 14 дена, преку апликацијата, ќе бидат известени дека биле во контакт со заразено лице.

По 14 дена, контактните податоци се бришат сами, затоа што тогаш завршува инкубацијата, односно потенцијалната можност за пренесување на вирусот. 

Прочитајте и...  „Лидл" отвора супермаркет во Северна Македонија

Поврзани вести

ВИДЕО | Грчев: Имаме алергиска реакција на реални и долгогодишни дразби и насилства кои се случувале долги години во Скопје

Затворен угостителски објект во тетовско, приведен сопственикот и шест странски државјанки

Слободен печат

Колумбија доби вакцини против ковид-19 преку КОВАКС механизмот

Слободен печат

АВМУ: Финансиска поддршка за надомест на средствата за дозвола за Радио и ТВ емитување

Слободен печат

Атанасоски: Спроти изборите, од Бугарија можеме да очекуваме сè порадикални, понеумесни и поневеројатни изјави

Лајчак: Се надевам на договор меѓу Приштина и Белград за време на мандатот на Курти

Слободен печат

Остави Коментар