Хрватска и Бразил се среќаваат по трет пат на светските првенства

Момент од натпреварот Бразил - Хрватска на СП 2014/фото: EPA/TOLGA BOZOGLU

Хрватска по подоброто изведување пенали успеа да ја елиминира Јапонија во осминафиналето, а денеска од 16.00 часот во четвртфиналето за ривал ќе го има Бразил, еден од фаворитите за титулата на Светското првенство во Катар.

Хрватите до сега одиграа четири меча со Бразил, два на Мундијалите и две пријателски, а никогаш не ја почувствувале сладоста на победата бидејќи три пати беа поразени и извојуваа нерешено (1:1) на пријателскиот натпревар во 2005 година.

Дали ќе биде според популарната „трета среќа за Хрватска“ или пак Бразил ќе продолжи со традицијата.

Бразил и Хрватска првпат се сретнаа на Светското првенство во Германија во 2006 година, а на отворањето на групата Ф јужноамериканската селекција победи со 1:0 со голот на Кака во 44 минута.

Истата слика, само со различен резултат, беше забележана и на Светското првенство 2014 во Бразил. И Хрватска загуби од тогашниот домаќин со 3:1 на отворањето на групата „А“.

Иако „коцкестите“ поведоа по автоголот на Марсело (12`), пресврт донесоа Нејмар (29`, 71` пенал) и Оскар (90+1`).

Далиќ: Против Бразил не смее да ни се случи, тоа што и се случи на Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот