Хоти: Без заемно признавање, Приштина повторно ќе воведе реципрочни мерки за Белград

Косовскиот премиер, Авдулах Хоти, се закани дека Приштина повторно ќе воведе реципрочни мерки кон Белград доколку процесот на дијалог не заврши со договор за заемно признавање.

По средбата со политичките претставници на Албанците од југот на централна Србија, Хоти кажа дека Приштина има право да му се одмазди на соседот за секоја мерка што, како што тврди, Белград  ја применува, пренесува „Гласот на Америка”.

– Но, верувам дека со помош на меѓународните партнери, со кои сме вклучени во овој процес, нема да има потреба да се оди по тој екстремен пат. Секојдневно напредуваме кон конечен договор, рече Хоти.

За време на состанокот во Приштина, Хоти пред сонародниците од југот на централна Србија ја претстави програмата за работа на неодамна формираната Канцеларија на Владата на Косово за Прешевската долина, односно трите општини каде што живеат припадници на албанското национално малцинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот