Хоспитализирани нови 43 пациенти во ковид центрите во Скопје

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Нови 43 пациенти се хоспитализирани изминативе 24 часа во ковид центрите во Скопје, поради компликации од коронавирусот. Вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало 22 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравен пациент.

– На Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 23 пациент со симтоми на корона вирусот. Ковид центарите на Клиниката за нефрологија и на Клиниката за Гастроентерохепатологија се затворени од денеска – соопштија од Министерството.

Оттаму информираат дека во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 112 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка – се наведува во соопштението на Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот