Хороскоп за 13 ноември среда – Овните треба да внимаваат што зборуваат, Лавовите ќе паднат во искушение

Profimedia
профимедиа

Овен

Може да ви се случи од вас да излезе некоја тајна информација која некој ќе се обиде да ја злоупотреби против вас. Нема да ви биде лесно да се извадите, па затоа во овој момент е најдобро да премолчите. Во љубовта исто така, внимавајте што зборувате.

Бик

Емотивно сте напнати па денешните аспекти ви отежнуваат да го сочувате мирот. Саканото лице со кратките коментари дополнително ќе ве изнервира. Не ставајте се при срце, олабавете малку.

Близнаци

Концентрацијта не ви е на завидно ниво. Главно размислувате за уживање со саканото лице и егзотично патување. Спуштете се малку од облаците, започнете со извршувањето на работните задачи.

Рак

Ви претстојат пријатни деловни разговори. Иако во тајност повлекувате некои потези, вашиот труд и залагање на работното место не поминале незабележано. Наскоро ќе бидете наградени.

Лав

Можете да дојдете во искушение да се откажете од идеите во кои и понатака силно верувате. Недоразбирањето меѓу домашните и недостатокот на средства не се доволна причина да се откажете од своите планови. Помошта ќе ја најдете близу до себе.

Девица

Сте ги прифатиле обврските за кои немате доволно капацитет. Премногу информации ви предизвикуваат стрес поради кој ќе станете убедливо расеани. Пред да направите непоправлива грешка, побарајте помош од соработниците.

Вага

Една женска личност може да одигра значајна улога во ублажувањето на непремостливите разлики во мислењето меѓу членовите на вашето семејство. Ова подобрување на расположението ќе ја поврати вашата раздрмана самодоверба.

Шкорпија

Ве обзема купувачка грозница. Нестабилната финансиската ситуација ве растажува, сфаќате дека немате доволно пари за на партнерот да му подготвите изненадување. Не споделувајте го вашето нерасположение, обидете се поинаку да размислувате.

Стрелец

Ве измачува минатото и добар дел од денот ќе го поминете во преиспитување на се за што сте можеле да постапите поинаку. Завртете се кон блиските и послушајте што тие имаат да ви кажат.

Јарец

Иако се ви делува ветувачки, денот не е поволен за договори и било какви трансфери. Одложете ги на кратко бидејќи ако сега започнете нови преговри можно е да ви се случат големи компликации. Внимавајте малку повеќе и на здравјето.

Водолија

Во љубовниот однос сте премногу ноншалантни. Вашата желба за слобода може да биде сериозен причинител на расправии. Доколку не станете посериозни и не ги прифатите критиките, некоја обична расправија за вас може да стане хорор филм.

Риби

Обврските од вас бараат концентрација и полн ментален ангажман. Ве фрустрира судирот меѓу должностите кон другите и потребите да си угодите самите на себе. Ќе пронајдете задоволство во работата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот