Хорор во Хрватска: 16-годишна девојка две недели силувана во барака, насилникот не ѝ давал храна и вода
Млад човек (25) од хрватското место Делнице, во Горски Котар на западот од земјата, е уапсен и се наоѓа во затворот во Риека, под сомнение дека две недели силувал 16-годишна девојка која ја киднапирал и ја одвел во барака. Како што дознава локалниот портал „Бурин“, грозоморното измачување се случувало од 28 октомври до 10 ноември, на адресата во Делнице каде живее насилникот.
Во кривичната пријава е наведено дека силувачот со измама ја навел девојката да дојде од Риека до местото каде живее тој. Потоа, според полицијата, тој ја одвел во дрвена барака и таму ја заклучил, по што секојдневно ја силувал по најмалку осум пати и ја тепал кога таа го молела да престане. Освен тоа, полицијата се сомнева дека тој ја врзувал за да не може да побегне, а наводно одбил да ѝ дава храна и вода.
Осомничениот денеска беше изведен пред Жупанискиот суд во Риека, каде му е одредена мерка притвор. Младиот човек наводно е невработен и се вели дека е неписмен, јавуваат хрватските медиуми.