Хорор филмови по вистински случувања: Инспирација за најстрашните филмови низ историјата

Instagram

Шекспир многу одамна рекол дека уметноста е огледало на природата и мудроста. Колку често среќаваме филмови или серии кои се „одраз“ на одредена состојба на светот?

 

Instagram

 

Со текот на годините, жанрот хорор се покажа особено „вешт“ во ова, иако честопати на општеството му е потребно некое време да ги испроцесира ужасите од реалниот живот за да ги пренесе на големото платно.

Има неколку клучни настани во историјата што биле инспирација за многу хорор филмови во светот.

 

Instagram

 

Важно е да се напомене дека не секој од тие филмови е „буквален пренос“ на вистинити случувања, секако повеќето теми кои стануваат мејнстрим се темелат на она што ја доловува фантазијата на публиката во одредено време. Но, има исклучоци.

Хоророт како жанр се појавува меѓу 1900 и 1920 година, а многу од светските „филмаџии“ се свртеле кон книжевните класици како изворен материјал. Како романот „Frankenstein“ од Мери Шели објавен во 1910 година, „Dr. Jekyll and Mr. Hyde“ во 1908 година и „The Picture Of Dorian Gray“ од 1910 година.

Инспирацијата црпена од ужасите на готската литература продолжила да доминира сè до 40-тите години на минатиот век, со тоа што режисерите го држеле изворот на ужасот многу подалеку од реалниот живот.

 

Instagram

 

Ги видовме сите класици во филмската индустрија, вампири, врколаци и мумии. Жанрот ги „држеше“ своите чудовишта „под контрола“.

На 6 август 1945 година, се случи нуклеарна катастрофа во јапонскиот град Хирошима, со што беа убиени 80.000 луѓе, а најмалку 60.000 други кои „преживеале“ би биле мртви до крајот на годината.

Само неколку години подоцна, во киносалите низ светот се појавија низа хорор филмови за радиоактивни мутанти и последици од „грешката на злобните научници“. Филмот „OG Godzilla“ од 1954 година и „The Fly“ од 1958 година се примери за тоа.

 

Instagram

 

Ривалството на Студената војна помеѓу Америка и Советскиот сојуз траеше со децении и како резултат на антикомунистичките сомневања, овие теми беа „употребени“ во жанрот на хоророт. Од „Invasion Of The Body-Snatchers“ од 1956 година до „The Blob“ од 1958 година. Преточувајќи ги приказните поврзани со вонземски чудовишта кои ги набљудуваат своите жртви од далеку или целосно ги асимилираа.

До 90-тите години, во светот почнува феминистичкото движење „Girl Power“. Времето на актуелните панк-рок, хип-хоп културата поврзана со новите технолошки откритија како мобилните телефони и интернетот беа своевиден обид за интегрирање во хорор филмовите.

 

Instagram

 

Ерата која ја редефинираше „The Final Girl“ – тропа што се однесува на последната жива девојка или жена која се соочува со убиецот, односно онаа што останува да ја раскаже приказната. Мотивот на „The Final Girl“ се забележува во многу хорор филмови, уништувајќи го стереотипот дека преживеаните жени се беспомошни.

 

Instagram

 

Наместо тоа хорор индустријата на светот ја подари паметната и способна Кларис Старлинг во филмот „Silence Of The Lambs“ во 1991 година. Бафи Самерс во филмот „Buffy The Vampire Slayer“ од 1992 година. Новите хорор хероини како Синди Прескот и Гејл Ведерс од „Scream“ во 1996 година како и Елевин Карнахан од „The Mummy“ во 1999 година.

 

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот