Хонг Конг: И официјално повлечен законот за екстрадиција

Владата на Хонг Конг и официјално го повлече Законот за екстрадиција, кој беше повод за жестоки повеќемесечни протести, кои прераснаа во широка кампања за демократски промени во полуавтономниот кинески град.

– Формално објавуваме повлекување на законот – рече Министерот за внатрешни работи Џон Ли.

„Ројтерс“ оценува дека е малку веројатно оти овој владин потег ќе ги прекине повеќемесечните протести зашто тоа било само едно од барањата на демоснтрантите.

Тие ја повикуваат премиерата Лам да поднесе оставка и бараат независна истрага за, како што велат, полициската бруталност за време на протестите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот