Холивудската ѕвезда сака да и се врати на глумата по големата пауза

камерон дијаз
Фото Профимедиа

Поминаа две години откако Камерон Дијаз драматично го потврди своето повлекување од глумата, но ниту оваа убавица нема толку лесно да се откаже од работата.

Во неодамнешно интервју со својот шминкер Гучи Вестмен, таа призна дека не може да каже дека никогаш не би и се вратила на глумата, зборувајќи за нејзиното потенцијално враќање на големиот екран.

Многу обожаватели поради ова се понадеваа дека ќе ја гледаат Камерон барем уште еднаш, без разлика дали тоа ќе биде во продолжение на филмот „Sweetest thing“, или во нов филм, кој ќе се разликува од сета нејзина претходна работа.

Последната улога на Камерон датира од 2015 година во филмот „Ени“, кога глумеше заедно со Џејми Фокс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот