EPA/Marco van der Caaij

Холандски фудбалери со карипско потекло ја однесоа минијатурната земја Курасао на Мундијалот 2026

Карипската земја Курасао стана најмалата нација квлификант за СП во историјата. Тимот на Курасао е составен од фудбалери родени во Холандија, кои минале низ фудбалските школи на таа европска нација. Селектор е холандскиот стручњак Дик Адвокат

Малата карипска нација Курасао стана најмалата земја во историјата што се квалификувала за Светското фудбалско првенство. Тимот предводен од клупата од познатиот Холанѓанец, Дик Адвокат, одигра нерешено 0-0 против Јамајка во Кингстон во последното коло од квалификациите за зоната КОНКАКАФ.

Оваа мала островска нација, сместена во Карибите, има само 156.115 жители и површина од само 444 квадратни километри, а според двата критериуми ќе биде најмалиот учесник во планетарното натпреварување досега.

Како на толку мала нација и успеа да се квалификува? Курасао е дел од Кралството Холандија, но има статус на независна нација и има фудбалска репрезентација.

Семејни врски…

Тимот на Курасао е составен од фудбалери родени во Холандија, но нивните семејни врски им овозможуваат да играат за карипскиот тим. Сите 24 играчи повикани од Адвокат се родени во Холандија, на европско тло: Амстердам, Гронинген, Емен, Харлем, Ротердам…

– Има многу играчи кои сонувале еден ден да играат за Холандија. Некои веќе имаат 23, 24 или 25 години и повеќе не размислуваат за националниот тим на Холандија. Треба да им дадеме шанса – објасни Адвокат.

Во составот се наоѓаат дефанзивецот на Ливингстон, Џошуа Бренет, играчот за врска на Ротерам, Арјани Марта, напаѓачот на Мидлсбро, Сонтје Хансен…

Бакуна: Немав шанси да играм за Холандија

За Жунињо Бакуна, играњето за Курасао беше и шанса да игра репрезентативен фудбал со неговиот постар брат Леандро, капитенот, откако претходни играше за Холандија на ниво до 21 година.

– Рано направив избор да играм за Курасао. Една од причините беше што можам да играм во истиот тим со мојот брат. Другата причина беше што моите шанси да играм за холандската репрезентација не беа реални. Затоа изборот беше брз, да играм за Курасао – вели тој.

Бакуна смета дека овој фудбалски напредок на земјата ќе инспирира повеќе играчи родени во Холандија да го претставуваат тимот познат како „Синото семејство“.

ВИДЕО | Чудо во фудбалскиот свет, Курасао ќе игра на Светското првенство 2026

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот