Хјустон и Далас се истурија од давање кошеви, Харден подобар од Дончиќ (ВИДЕО)
Хјустон рокетс и Далас маверикс го одиграа најефикасниот натпревар по рестартот на сезоната, постинаа дуро 302 коша, а на крајот славеа ракетите по продожението.
Хјустон на стартот од последната четвртина имаше негатива од 11 поени, но благодарение на Џејмс Харден и Расел Вестбрук успеаја да се вратат во игра и преку Роберт Ковингтон на три секунди до крајот постигна поени за 139:139 и натпреварот го однесе во продолжението. Во дополнителните пет минути доминираше Харден додека Лука Дончиќ не постигна ниту еден поен.
На крајот Харден беше најрпецизен со 49 постигнати поени, Вестбрук имаше 31 поен додека кај Далас Кристапс Порзингис имаше 39 поени и 16 скокови, Треј Бурк 31 поен, а Дончиќ оствари трипл-дабл од 28 поени, 13 скокови и 10 асистенции.
Милвоки бакс носен на крилата на Јанис Адетокумпо и неговите 36 поени и 15 скокови беше подобар во Дербито на Истокот од Бостон Селтикс.
Резултати: Бруклин – Орландо 118:128, Портланд – Мемфид 140:135 (прод.), Вашингтон – Феникс 112:125, Милвоки – Бостон 119:112, Сан Антонио – Сакраменто 129:120, Далас – Хјустон 149:153 (прод.)