Хирошима одбележа 74 години од нападот со атомска бомба (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Денеска, со свечена церемонија, во Хирошима се одбележа 74-годишнината од нападот со атомска бомба врз тој град во 1945 година, кога загинаа повеќе од 140.000 луѓе.

Градоначалникот Казуми Матсуи изрази загриженост за растечката егоцентричност во светската политика и ги повика водачите да го зачуваат светот без атомско оружје.

Тој ги покани светските лидери да ја посетат Хирошима и да се запознаат со она што се случило таму.

Матсуи побара од јапонската влада да се залага повеќе за интересите на преживеаните и да потпише договор за забрана на нуклеарно оружје.

Премиерот Шинзо Абе рече дека се сè поизразени разликите помеѓу нуклеарните и ненуклеарните држави.

Тој вети дека ќе ги одржи јапонските принципи без нуклеарна моќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот