Хенкок: Следната недела во Британија ќе бидат достапни 800.000 дози вакцина

epa08478621 British Health Secretary Matt Hancock arrives at 10 Downing Street in London, Britain, 11 June, 2020. Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease. EPA-EFE/ANDY RAIN
Министерот за здравство на Велика Британија Мет Хенкок најави дека следната недела во земјата ќе бидат достапни 800.000 дози вакцина од компаниите „Фајзер” и „Бионтек”.
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска рече дека вакцинациите треба да бидат доброволни и дека Владата нема да воведе обврска за вакцинација.
– Силно ги охрабрувам луѓето да се вакцинираат, но тоа не е во нашата култура и не е наша амбиција да препишеме задолжителна вакцинација. Така не ги правиме работите, рече Џонсон.
Тој додаде дека веста дека британското регулаторно тело ја одобрило употреба на вакцината на „Фајзер” и „Бионтек” е „фантастична” и оцени дека вакцинацијата ќе придонесе за рестартирање на британската економија.
– Вакцинацијата ќе ни овозможи да се вратиме во нормалниот живот и повторно да ја придвижиме нашата економија, рече Џонсон.
На Твитер тој напиша дека „вакцината ќе биде достапна низ Велика Британија од следната недела” и додаде дека „заштитата на вакцините ќе овозможи да продолжиме со животот”.
Првиот човек на медицинска професија во Велика Британија, Крис Вити најави дека до пролет следната година би требало да заврши вакцинацијата на здравствено најзагрозените Британци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот