Хендави си оди од Е. Пелистер, доаѓа унгарски репрезентативен голман

Екипата на Еурофарм Пелистер остана без голманот Карим Хендави кој дојде во јануари годинава.
Хендави се враќа во Египет бидејќи екипата на Замалек ја плати клаузулата за голманот кој бранеше одлично на голот на Е. Пелистер.
„РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека египетскиот клуб Замалек од Каиро ја откупи клаузулата од договорот на Карим Хендави, кој имаше потпишана соработка со нашиот клуб до јуни 2022 година. Хендави во февруари годинава дојде во Еурофарм Пелистер и настапи во вториот дел од сезоната 2021/22. Клубот е исклучително благодарен на професионалец како Хендави и му посакува многу успех во понатамошниот тек на кариерата. Благодарност и до клубот Замалек за професионалниот пристап при откупот на договорот“, објави Е. Пелистер.

Битолчани не седеа со скрстени раце и веднаш ангажираа квалитетна замена, станува збор за унгарскиот репрезентативен голман, Мартон Секељи кој потпиша едногодишен договор.
Секељи минатата сезона ја мина во Порто, а претходно настапуваше за Балатонфуреди, Чурго, Татабања и Веспрем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот