Хаварија во „Макстил“, четворица тешко повредени

Фото: МИА

Изутринава во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се донесени четири лица кои се здобиле со повреди во фабриката „Макстил“. Засега е познато дека еден од нив е во животна опасност и е префрлен на КАРИЛ, додека останатите најверојатно се здобиле со телесни повреди меѓутоа се прават испитувања за да се утврди точниот карактер на повредите. Сите имаат повреди од изгореници, објави Алсат.

Настанот се случил околу 6.50 часот кога ливна јама од 100 тона, полна со стопен метал се откинала и паднала. Од падот се ослободило стопеното железо кое веднаш предизвикало пожар и ги повредило четворицата работници кои биле во непосредна близина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот