Хари Мегваер е најдобар фудбалер во Англија за месец ноември

Фудбалерите на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер и Маркус Рашфорд/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Англискиот фудбалски репрезентативец, дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер е најдобар играч во Премиер лигата за месец ноември.

Мегваер ја одигра секоја минута за „црвените ѓаволи“ кои не примија гол во натпреварите против Фулам, Лутон и Евертон.

Во потесниот круг за ова признание беа и Жереми Доку, Ентони Гордон, Томас Камински, Рахим Стерлинг и Маркус Таверние.

Прашање е колкава утеха им е ова на луѓето на „Олд Трафорд“ бидејќи немаат одлична сезона до сега. Моментно се седми во Премиер лигата, додека се пред испаѓање од Лигата на шампионите бидејќи се последни во својата група пред шестото коло и дуелот со Баерн Минхен.

Севкупно, Мегваер за Манчестер јунајтед одигра 189 натпревари, запиша осум гола и шест асистенции, но имаше и многу грешки и погодоци во сопствената мрежа. Затоа до оваа година Хари Мегваер, кој беше најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, никако да ги оправда вложените 80 милиони фунти. Сепак, се чини дека оваа сезона ќе биде пресвртница за англискиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот