Хамнеи нареди Армијата да помогне во борбата против ширењето на коронавирусот

Хамнеи ја објави одлуката откако државната телевизија покажала фотографии на кои сади дрво носејќи ракавици.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи им нареди на вооружените сили на Иран да му помогнат на Министерството за здравство во спречувањето на ширењето на новиот коронавирус.

Одлуката доаѓа во време кога Иран се соочува со најголем број смртни случаи по Кина и голем број заразени со новиот коронавирус.

Хамнеи ја објави одлуката откако државната телевизија покажала фотографии на кои сади дрво носејќи ракавици.

-Сè што помага во подобрување на јавното здравје и го спречува ширењето на вирусот е добра работа. Сè што помага во ширењето на вирусот е грев, рече Хамнеи.

Властите во Иран велат дека планираат да мобилизираат околу 300.000 војници и волонтери за да помогнат во борбата против ширењето на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот