„Хамас“ и „Фатах“ со договор за палестински избори за шест месеци

Фото: aljazeera.com

Исламистите од „Хамас“, кои владеат во Појасот Газа, и нивните секуларни ривали од „Фатах“, кои управуваат со Западниот брег, се согласија за одржување на избори на палестинските територии во рок од шест месеци.

Изборите ќе бидат закажани во рок од шест месеци, согласно договорот што го постигнаа лидерот на „Фатах“, Махмуд Абас и политичкиот шеф на „Хамас“, Исмаил Ханије.

– Се согласивме прво да одржиме парламентарни избори, потоа претседателски избори на палестинските власти и на крајот централен совет на Палестинската ослободителна организација, рече Џибрил Раџуб, висок функционер на „Фатах“.

Последните палестински парламентарни избори се одржаа во 2006 година, кога неочекувано победи „Хамас“. Салех ал-Арури, висок претставник на Хамас, изјави дека договорот е постигнат за време на состаноците одржани во Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот