Халанд одлучи да стави крај на гласините дека се сели во Челси: 175 милиони евра се премногу пари

EPA-EFE/LARS BARON

Најбаран фудбалер во летниот преоден рок е напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд за кого сериозен интерес има од Реал Мадрид, ПСЖ и неколку англиски премиерлигаши, во прв ред Челси и тоа во трансфер вреден 175 милиони евра.

Во договорот на Халанд со Борусија има клаузула со која наводно Норвежанецот идното лето ќе може да си замине за само 75 милиони, а медиумите постојано тврдеа дека германскиот тим ќе го пушти фудбалерот и ова лето доколку некој плати 175 милиони евра. Сега се огласи самиот фудбалер кој одлучи да стави крај на сите шпекулации.

– Не се грижам премногу околу тоа. Навистина немам што да кажам за шпекулациите со Челси. Имам уште три години од договорот со Дортмунд и навистина уживам тука. Дури вчера се слушнав со мојот менаџер по пауза од еден месец. Мислам дека тоа доволно зборува: навистина не се грижам. 175 милиони се многу пари, се надевам дека се само гласини бидејќи тоа се премногу пари за било кој играч – изјави Халанд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот