Хаџи Јанев за провокациите на Џамбаски: Поединците кои немаат врска со државата Бугарија не смеат да останат неказнети

Фото Слободен печат

Можеме да ја следиме НАТО логиката на превенирање на ваквите провокации кои доаѓаат од поединци од Бугарија како оние на Ангел Џамбаски, а тоа е одвраќање во кое што ние како држава ќе покажеме разумна воздржаност во однос на потенцијална ескалација на конфликт.

Мислам дека засега дипломатски добро се прави тоа. Но во исто време ќе мора да покажеме заби и да телефонираме на другата страна и да им се укаже дека имаме црвена линија која не смее и не може да се премине – истакна професорот Методи Хаџи Јанев при гостување во емисијата „Утрински печат“.

– Ако вака некој му се заканеше на Ердоган со атентат како на претседателот Стево Пендаровски, Џамбаски ќе беше уапсен веднаш. Во крајна линија ние како држава можеме да поднесеме и меѓународна потерница бидејќи тој му се заканува со атентат на нашиот претседател. Кога тоа би се случило тоа лице би требало да се објаснува пред институциите што мислел и како мислел кога ја дал таа изјава. Вака ние би се преставиле како сериозна држава и би одговориле на нашите црвени линии за кои повторувам мора да ги задржиме. Сепак во интерес на меѓудржавните односи сметам дека  дипломатијата треба да ги надмине овие провокации а нашата страна јасно да стави на дознаење дека не може секој да зборува што сака и провоцира – вели професорот Хаџи Јанев.

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Методи Хаџи-Јанев: Западните тенкови се незначајни во однос на тоа што го поседува Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот