Гвардиола останува „граѓанин“ уште три години

epa08590456 Manchester City's head coach Pep Guardiola reacts during the UEFA Champions League Round of 16 second leg soccer match between Manchester City and Real Madrid in Manchester, Britain, 07 August 2020. EPA-EFE/Oli Scarff / POOL

Пеп Гвардиола и Манчестер сити се договорија за продолжување на соработката до најмалку 2023 година.

Актуелниот договор на Гвардиола со Манчестер сити е со важност до крајот на оваа сезона, односно идното лето.

Оваа сезона не започна најсреќно за Манчестер сити по што Гвардиола одбиваше на почетокот да седне на преговори велејќи дека треба да го заслужи договорот.

Но, управата на „граѓаните“ има огромна доверба во својот менаџер и седи на клупата од 2016 година. Откако седна на клупата на Манчестер сити, тимот победи на 181 натпревар од вкупно 245 колку што одигра под негово водство, а процентот на победи изнесува речиси 74 проценти.

– Откако пристигнав во Манчестер сити постојано се чувствуван одлично и комотно. Откако сме заедно направивме големи работи, дававме голови, победувавме и освојувавме трофеи, и сите заедно сме горди на успесите. Да се има ваква поддршка како што ја имам јас и најдобрата работа која може да му се случи на еден тренер. Тука имам се што ќе посакам. Предизвик ние да напредуваме и да се развиваме и возбудем сум што ќе му помогнам на Манчестер сити во тоа – изјави Гвардиола по потпишувањето на новиот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот