Гвардиола го „уништи“ Халанд, неславен рекорд на Норвежанецот

Ерлинг Халанд и Пеп Гвардиола/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Англискиот шампион Манчестер сити и во второто коло во Премиер лигата славеше, овој пат пред своите гледачи со 4:0 против Борнмут, а новиот напаѓач Ерлинг Халанд постави неславен рекорд.

Најзаслужен за триумфот е Кевин де Брујн со гол и асистенција, а во листата на стрелци се запишаа и Фоден и Гундоган, додека четвртиот гол беше автогол на Лерма.

Натпреварот го одбележа и новиот напаѓач на „граѓаните“ Ерлинг Халанд кој иако имаше огромна желба да постигне гол пред домашните навивачи, на крајот постави неславен рекорд во ерата на Гвардиола.
Халанд за 74 минути игра имаше само две комплетирани додавања од кои едно од нив беше асистенцијата до Гундоган.

Ова е најмал број на успешни додавања досега за некој играч кој бил во првиот тим на Сити откако Гвардиола седи на клупата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот