Гутереш ја поздрави резолуцијата на ОН

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го поздрави усвојувањето на резолуцијата во Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, велејќи дека тоа би било непростливо доколку не се спроведе.

„Резолуцијата мора да се спроведе. Неуспехот ќе биде непростлив“, објави Гутереш на платформата Икс.

Откако САД одлучија да не го користат ветото и беа воздржани, резолуцијата беше усвоена денеска со 14 гласа „за“. САД претходно ставија вето на три резолуции кои повикуваа на прекин на огнот.

Усвоената резолуција повикува на прекин на огнот за време на светиот муслимански пост Рамазан, кој е во тек, и ослободување на сите заложници киднапирани во нападите на Хамас на 7 октомври на југот на Израел и однесени во Појасот Газа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот