Гутереш: Членките на ОН да ги избегнуваат двојните стандарди

Тој додаде дека „актуелните и несогласувањата од минатото не смеат да бидат препрека за акција против денешните закани”.

Земјите-членки на Советот за безбедност на Обединети нации треба да се воздржат од двојни стандарди и да не ги напуштаат основните принципи на светската организација при решавање на судирите, изјави синоќа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

– Додека одбележуваме 75 години на ОН сакам да упатам посебна порака до СБ. Привилегијата на членството носи витални одговорности за одржување на начелата и вредностите на Повелбата, посебно во спречувањето и решавањето на судирите, посочи Гутереш на отворената дебата во СБ на ОН за почитување на Повелбата на ОН.

Тој додаде дека „актуелните и несогласувањата од минатото не смеат да бидат препрека за акција против денешните закани”.

– Мораме да ги избегнуваме двојните стандарди. Но, перцепцијата за двојните стандарди не смее да биде изговор за немање на стандарди воопшто, истакна Гутереш.

Тој додаде дека „војната никогаш не е неизбежна, тоа е работа на избор и тоа често производ на лесни и погрешни пресметки”.

– Мирот, исто така, никогаш не е неизбежен. Тоа е производ на напорна работа и никогаш не смееме да го земаме здраво за готово, потенцира Гутереш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот