„Гудисон парк“ по 127 години заминува во историја (ВИДЕО)

Англискиот премиерлигаш Евертон одлучи по 127 години настапи да го урне легендарниот стадион „Гудисон парк“ и да игради нов ултра модерен стадион. Евертон денеска го презентираше новиот 500 милиони фунти вреден нов стадион за кој се надеваат дека ќе успеат да го изградат за четири години и од сезоната 2023-24 ќе го напуштат легендарниот „Гудисон парк“.

Новиот дом на Евертон треба да биде со капацитет од 52.000 седишта и дел ќе биде изграден на пристаниште на крајбрежјето на реката Мерзи.

Премиерлигашот одлучи да ги послуша молбите на навивачите и зад еден од головите ќе се наоѓа „Синиот ѕид“, трибина со капацитет од 13.000 седишта за најверните навивачи на екипата по примерот на стадионот на Борусија Дортмунд, „Сигнал Идуна парк“ кој има „Жолт ѕид“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот