Груби за навивачите на „Вардар“: Такво однесување нема место во нашето ново општество

фото Архива

Првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците, Артан Груби го осуди однесувањето на навивачите на фудбалскиот клуб „Вардар“ кои вчера скандираа „Мртов Шиптар- добар Шиптар“ на скопскиот плоштад.

„Мртов Шиптар- добар Шиптар“ се пее на скопскиот плоштад, кој да го спречи говорот на омраза? (ВИДЕО)

„Говорот на омраза и денешното гневно навивање на младите среде Скопје е за секоја осуда. Такво однесување нема место во нашето ново општество, рамноправно општество за сите, со евро-атлантски вредности. На индоктринацијата на младите и етничката нетолеранција им е истечен рокот.“, напиша Груби на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот