Груби: Внатрепартиските анкети и оние јавните ја одредуваат ДУИ како апсолутен победник

Артан Груби / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Интегративците не размислуваат, ниту дискутираат за можни коалиции на локалните избори во октомври, бидејќи, според нив, внатрепартиските анкети, но и оние јавните, ја одредуваат ДУИ како апсолутен победник, како прва партија во сите општини со мнозиство албанско население.

– Внатрепартиските и јавните анкети од кредибилни институции покажуваат дека 62% од Албанците се задоволни од Владата и ја определуваат ДУИ како апсолутен победник на локалните избори во октомври и како убедливо прва партија во сите општини. За разлика од опозициската коалиција, ние не разговараме за предизборни коалиции со други партии, но сме фокусирани на исполнување на нашите ветувања и исполнување на очекувањата на граѓаните – вели Артан Груби, генерален секретар на ДУИ и прв вицепремиер на Владата.

Тој додава  дека својот опстанок на политичката сцена, опозициската коалиција пред секој изборен процес се обидува да го постигне со обид за факторизирање преку нелогична споредба со ДУИ, наместо да превземе одговорност и да си поднесе оставка за последователните порази и неуспеси во сите изборни процеси до денес.

Инаку двете албански опозициони партии Алијанса за Албанците и Aлтернативa побараа „мегдан“ меѓу албанските политичари, без да се бројат гласовите на Македонците, така што, според нив, ќе се знае кој е победник во албанскиот политички блок. Зијадин Села и Африм Гаши го поканија Али Ахмети да се соочат двете страни посебно, од една страна ДУИ, Движење Беса и ДПА кои се дел од мнозиството, а од другата страна коалицијата Алијанса-Алетрнатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот