Груби: Убеден сум дека пописот ќе се одржи во април, очекувам сите граѓани да се попишат

Артан Груби/ Фото: Фејсбук

Убеден сум дека пописот ќе се спроведе во април оваа година, изјави денеска на прес-конференција првиот вицепремиер Артан Груби.

Груби, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавата на заменик директорот на Државниот завод за статистика, Иљми Селами дека можно е пописот да се одложи поради пандемијата, рече дека тоа е негов став, но и став на ДУИ и на Владата.

– Пописот е процес што го започнавме уште минатата година и треба да се одржи годинава. Имаше апсолутна поддршка од страна на двете носечки партии на коалицијата и ДУИ и СДСМ, но знаете пандемијата, одржувањето на изборите го одложија и јас сум убеден, а тоа е став и на партијата која ја застапувам и на Владата, чиј дел сум, дека пописот ќе се одржи во април 2021 година и не очекувам апсолутно никаков проблем, туку очекувам сите граѓани да се попишат, рече Груби на прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот