Груби тврди дека нема заеднички имот со брат му: „ВМРО е корумпирана партија“

Артан Груби / Фото: МИА

„Апсолутно немам заеднички имот со брат ми. Од 2003 година сум разделен со моите браќа и немам ништо заедничко освен станот на татко ми. Мојот брат има сопствен бизнис повеќе од 20 години.“, рече Артан Груби од ДУИ вечерва на гостувањето во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, одговарајќи на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ е корумпирана партија и дека државата и натаму плаќа за проектот „Скопје 2014“.

„Чешмите на ВМРО се извор на корупција. Нивните институционални одлуки создадоа монополи. Еве пример за Скопје 2014. Ние уште плаќаме за тој проект. За ова некои ја прифатија вината за корупција и одлежуваат затворски казни и се во судска постапка“, кажа Груби.

Обвинувањата за имотот на Артан Груби кои доаѓаа од ВМРО-ДПМНЕ беа пренесени во последните два дена, преку криптични пораки од „Белата палата“, но за имотот на семејството на Груби се заинтересира и Антикорупциската комисија.

(ВИДЕО) Стоилковски со гатанка: Од крадење се уби, парите баш ги љуби и се вика Груби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот