Грег Попович потпиша нов договор со Сан Антонио спарс

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Легендарниот кошаркарски стручњак Грег Попович потпиша нов договор со Сан Антонио спарс и се обврза на уште пет години верност кон петкратниот шампион во НБА лигата, објавено е на клупската веб-страница.

Попович (74) седна на клупата на Спарс во 1996 година и му ги донесе на клубот сите пет шампионски титули (1999, 2003, 2005, 2007, 2014 година).

Тој го предводеше Сан Антонио на 2.127 натпревари и забележа 1.366 победи и 761 пораз.

Тој беше избран за најдобар тренер на сезоната во НБА во 2003, 2012 и 2014 година.

Пред две години беше селектор на селекцијата на САД која го освои олимпиското злато во Токио, додека во 2019 година беше само седми со репрезентацијата на Светското првенство во Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот