Грците на Мундобаскет засилени со најдобриот кошаркар во НБА – Слободен печат
КошаркаСпорт

Грците на Мундобаскет засилени со најдобриот кошаркар во НБА

Јанис Адетокумпо потврди дека ќе биде дел од репрезентацијата на Грција на Светското првенство во кошарка.

Кошаркарската репрезентација на Грција ја доби најдобрата можна вест пред настапот на Светското првенство во Кина. Најдобриот кошаркар во НБА лигата за изминатата сезона, Јанис Адетокумпо од Милвоки Бакс потврди дека ќе настапи за Грција на Мундобаскетот.

– Се уште не сум разговарал со селекторот, и не знам на која позиција ќе играм. Но тоа не ми е ни важно, јас само сакам да играм за својата земја. Јас сум кошаркар и сакам да и помогнам на репрезентацијата – изјави Адетокумпо.

На Светското првенство во Кина, Грција се наоѓа во група со репрезентациите на Црна Гора, Бразил и на Нов Зеланд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close