Гравина: Сакаме Манчини да остане селектор

Роберто Манчини е селектор на Италија од 2018 година/фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина му даде поддршка на селекторот Роберто Манчини и покрај поразот од Македонија што значеше крај за надежите на „аѕурите“ за настап на Светското првенство во Катар.

Гравина изјави дека сака Манчини да остане селектор и да не си поднесува оставка.

– Се надевам дека Манчини ќе ја продолжи својата мисија и ќе остане на селекторската функција – изјави Гравина.

Италија во четвртокот во Палермо загуби од Македонија со 1:0 благодарение на голот Александар Трајковски и ги остави „аѕурите“  по втор пат по ред да го пропуштат СП.

– Минатото лето се радувавме бидејќи станавме европски шампиони и со задоволство ги прифативме сите пофалби. Сега мораме да бидеме доволно силни и да истрпиме критиките бидејќи ги заслужуваме истите. Но, го гледаме Манчини и во иднина како селектор – додаде Гравина.

Роберто Манчини седна на клупата на „аѕурите“ во 2018 година и минатата година стана европски шампион откако на „Вембли“ во Лондон ја совлада Англија во финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот