Граѓаните се судрија со полицијата: Жестоки пресметки со полициските кордони во Брест и Минск (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/Twitter

Во центарот на Брест, во Белорусија почнаа судирите на демонстрантите и полицијата.

Ниту во Минск не е мирно, а полицијата ги потиснува демонстраните од центарот на градот. Незадоволни граѓани се собраа кај станицата на метрото „Пушкин“. Тука уште од претходно беа апсени потеницијалните демонстранти.

Во белоруската престолнина е изведена специјална техника. Полицијата носи оружје за гумени куршуми и шок-бомби, но не ги користи. Автомобилите кои поминуваат свират, покажувајќи ја со тоа поддршката за опозицијата.

Сите станици на метрото и продавниците во центрот на Минск се затворени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот