Граѓаните индиректни жртви во директната мала „војна“ помеѓу телевизиите и кабловските оператори

Валентин Пепељуговски

Деновиве во Македонија кога е во прашање јавниот дискурс како да има една мала „војна“ помеѓу телевизиите и кабловските оператори. Влезени се во еден „клинч“ кој што граѓаните не го разбираат, но како по обичај ги читаат насловите и од тоа вадат заклучоци, на пример, кога ќе прочитаат дека нема каде да гледаат Лига на Шампиони, одеднаш станува хаос и хистерија. За проблемот, или недоразбирањето помеѓу телевизиите и кабелските оператори, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говореше адвокатот Валентин Пепељуговски.

-Сакам да кажам дека ниту на едните, ниту на другите им е од интерес да има пиратство. Мислам дека не треба меѓусебно да се обвинуваат дека се генератори на пиратството. Каде е проблемот? Проблемот е во фамозниот член 143, каде што за кабелските оператори кои реемитуваат програма ќе бидат должни да достават изјава под полна морална и кривична одговорност дека всушност за целата програма која што ја реемитуваат ги поседуваат авторските права, односно имаат регулирани авторски права- вели Пепељугоски.

На прашањето дали се вклучува алармот дека странските канали врз кои кабловските оператори заработуваат на база на разновидноста која ја нудат не им е регулиран статусот, Пепељуговски вели дека според неговите сознанија некои од овие канали немаат соодветна документација или во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги приложиле несоодветна документација и договори.

-Значи ние во нашата Агенција не може да доставите договор дека ги имате регулирано правата за територијата каде што ви е седиштето, на пример – Хрватска, Словенија, Германија или било која друга држава. Вие треба во таа изјава да кажете или во тој договор да се обврзете дека ги поседувате правата таа програма да се реемитува за териотријата на Македонија- вели Пепељугоски.

Нас не не интересира дали поседувате права за државата каде што е вашето седиште. Тоа е работа на нивните надлежни органи. Нас не интересира дали вие ги поседувате правата за таа програма, за таа содржина да биде емитувана, односно реемитувана во нашата држава, додаде Пепељуговски.

-Како резултат на спороста на постапките и недоволното истражување на документацијата од надлежните органи се посегна кон една административна мерка – да дадете изјава.
Значи ние имаме и кривичен законик, закон за авторско право и сите тие регулираат на каков начин се пренесуваат и отстапуваат правата. Одговорноста е исто така регулирана. Зошто вие да одговорате ако некој го повредил законот, изјави Пепељуговски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот