Граѓаните бараа лек за своја болест, а добија медицински канабис за само четири болести

Фото: Слободен печат

Зборувам во име на граѓаните, кои се грубо изманипулирани со она што реално е остварено. Бараа „лек“, секој за својата болест, а добија Закон со кој право на третман со производи од медицински канабис имаат само болните од четири болести – канцер, мултиплекс склероза, епилепсија и ХИВ/СИДА), вели советникот за канабис, Гордана Трендовска Серафимовска од „Реплек Фарм“.

Серафимовска изјави дека со законот во 2016 година сосема е заборавена либерализацијата на канабис во храна, па побара да се донесат соодветни измени кои би дозволиле примена на марихуаната и во продукти на храна за луѓе и животни, како и различни преработки на канабис во козметички и хигиенски производи. Според неа, канабисот како суровина ќе има поголем потенцијал да развие и други врзани индустриски гранки, а посочи и дека мора да се обезбеди законска рамка според која компаниите со лиценца за производство на канабис и ќе може да го екстрахираат родот на одгледувачите според валидно склучен договор,  јасна транспарентност и следливост во сите фази.

– Ги поддржуваме одгледувачите на канабис во нивните заложби да се озакони извозот на нивниот род, зашто секој род има рок на траење и вредност во дадениот рок. Канабисот во 2016 година започна како успешна приказна…но веќе континуирано назадува до мерка на економска неодржливост. Мора да се надминат недостатоците за канабисот како проект повторно да се издигне во својата реализација – потенцираше Серафимовска.

 

Лековите од канабис да се најдат на листата на Фондот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот