Лековите од канабис да се најдат на листата на Фондот

Предноста што ја имаме во однос на соседните земји во однос на хронологијата на постапките во измените на законот со кој се регулира употребата на за медицинскиот канабис треба да се искористи, порача претседателот на Макканабис, Костадин Дуковски, на прес-конференција пред Собранието.

Тој соопшти дека Европската комисија за наркотици ни дала согласност, што парламентарниот состав треба да го има предвид за да бидеме по оваа дејност препознатливи во регионот. Дуковски уште еднаш ги повика пратениците да ги донесат измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и изрази надеж дека канабисот набргу ќе биде дел од повеќе индустрии во нашата земја, по примерот на другите европски земји.

– Врз основа на клинички студии и примената на канабисот постапи и Европската Унија, која го донесе т.н. Новелфуд за третирањето на канабисот и во исхраната. Се надевам дека пратениците тоа ќе го земат предвид и ќе ја видат потребата за имплементација на овој закон и носење на измените во најможен краток рок, бидејќи со тоа нема да имаат корист само фирмите, туку и граѓаните – порача Дуковски, кој нагласи и дека медицинските производи од канабис, односно лековите што сега се продаваат во аптеките се скапи и дека треба да се покриени од Фондот за да бидат поевтини.

– Чешка тоа го имплементираше и даде можност граѓаните да се третираат под капата на фондот, се надевам дека и ние ќе го направиме тоа во најбрз можен рок, бидејќи ова третирање со вакви фитокомпоненти на канабис е доста скапо. Фондот треба да ги субвенционира овие третирања како пациенти, а и лекарите треба да се вклучат, бидејќи со канабис ќе можеме да замениме многу лекови, тоа е реалноста и затоа многу држави од ЕУ се вклучија со клинички студии и истражувања за канабисот – заклучи Дуковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот