Градоначалникот на Њујорк објави претседателска кандидатура (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Бил де Бласио е актуелен градоначалник на Њујорк, меѓутоа според неговата најава преку видео порака стана јасно дека тој дека ќе се кандидира за претседателските избори во САД.

Педесет и осум годишниот член на Демократската партија би можел да има потешкотии да се издвои меѓу бројните демократи, посебно левичарски ориентираните, кои најавија дека ќе се натпреваруваат за партиската номинација за претседателски кандидат на изборите во 2020 година.

Де Бласио се соочува со скептичност и во Њујорк, каде 76 отсто од граѓаните сметаат дека тој не треба да се кандидира.

Тој ги отфрли лошите резултати од анкетите, верувајќи дека неговата порака за борба против финансиска нееднаквост ќе најде одѕив кај обичните Америкаци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот