Градоначалниците на плоштад ќе ја дочекаат 2020, Скопје полно со странски туристи (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Забележавме и значителна посета на странци во македонската метропола. Со големи очекувања пристигнале од Грција, Турција, Хрватска, Финска. Новогодишната ноќ ќе ја поминат во Скопје, а потоа ќе се упатат и во туристичкиот бисер, Охрид.

Полупразен плоштад, нерасположени минувачи и отсуство на празнична еуфорија забележа денеска екипата на Слободен печат.

Оние малкумина кои поразговараа со нас, открија дека 2020 ќе ја дочекаат во домашна атмосфера. Високите цени на рестораните за прослава на новогодишната ноќ, ги натераа граѓаните да да останат дома со семејството и пријателите.

Забележавме и значителна посета на странци во македонската метропола. Со големи очекувања пристигнале од Грција, Турција, Хрватска, Финска. Новогодишната ноќ ќе ја поминат во Скопје, а потоа ќе се упатат и во туристичкиот бисер, Охрид.

Забава за сите кои не се плашат од најавените ниски температури ќе има и на плоштад „Македонија“. Присутните таму „најлудата ноќ“ ќе ја дочекаат со музиката на Дино Мерлин.

А, меѓу нив ќе биде и скопскиот градоначалник, Петре Шилегов. Нему друштво ќе му прават и градоначалниците на Ѓорче Петров и Гази Баба, Александар Наумоски и Борис Георгиевски, со сопругите.

Стефан Богоев, Златко Марин, Филип Темелковски и Саша Богдановиќ ќе слават во домашна атмосфера.

За дочек на новата година многу граѓани заминуваат и надвор од Македонија. Новогодишните прослави во градовите од соседните држави годинава се се поатрактивни за македонските граѓани, но не заостануваат ниту прославите во европските метрополи, Париз, Прага, Минхен, Букурешт, Будимпешта, Венеција… За оние со подлабок џеб има понуди и за новогодишни патувања на Тајланд и Пукет за 1500, односно 1.070 евра. Туристичките агенции нудат и посета на селото на Дедо Мраз во Лапонија за околу 2.000 евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот