Грабеж во вилата на американската амбасада во Виена

Австриска полиција/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Вилата на советниците во американската амбасада во Виена викендов била ограбена, крадците украле таписерија, а потоа подметнале и пожар. 

Украдената таписерија имала вредност од 700 илјади евра, пренесува Кронен цајтунг. 

Вилата била празна, и покрај тоа што камерите биле вклучени, алармите биле угаснати. Службата за уставна заштита и борба против тероризмот (ЛВТ) покрена истрага за случајот. 

Како осомничени се водат градежните работници кои ги реновираат вилите, но осомничени се и поранешни службеници на амбасадата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот